за

Хардкор-голфот оди во сериско производство

Хајнц Јакоб Нојсер, прв човек за техниката во Фолксваген потврди дека концептниот автомобил Голф Р400ќе влезе во серија. Неговиот мотор ќе се користи и за други модели во коцнернот.

Од концернот Фолксваген пристигна официјална потврда дека „хардкор-голфот“ со 400 КС наскоро ќе почне да се произведува во серија. Потрдата доаѓа од шефот на техничкото одделение на концернот, Хајнц Јакоб Нојсер. Според првиот техничар на германскиот гигант, четирицилинарскиот мотор од Р400 ќе претрпи само незначителни преправки, а според други извори, моторот ќе се вградува и во другите модели на концернот, на пример во Ауди РС3.

Во Фолксваген Голф Р400 работи дволитарскиот мотор што во неколку различни степени на моќност се користи во ГТИ и во Голф Р. Четирицилиндарецот постигнува 400 КС и вртежен момент од 450 њутнметри. Со оваа моќност, Голф се катапултира до темпо 100 за 3,9 секунди и продолжува додека не се вклучи граничникот на 280 километри на час.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ласерските светла на BMW i8 досегаат повеќе од половина километар

Apple ќе го оневозможи пишувањето СМС во возење