за

Футрола за мобилен со вграден фото-печатач

Prynt го претвора паметниот телефон во брзо-фото. Моментно се работи на футрола за мобилен со вграден мини печатач којшто ги печати фотографиите по неполна минута од сликањето.

Француската стартап фирма Prynt работи на футрола за паметен телефон под истото име. На прв поглед, Prynt изгледа како компактна камера, што воедно одговара и на намената на овој перифериски прибор. Prynt го трансформира паметниот телефон во брзо-фото во само неколку потези.

За таа цел, мобилниот се вовлекува во еден вид на лизгачка шина. Спарување преку безжична мрежа или блутут не е потребно. Во пластичното куќиште, што ќе се нуди во црвена, сина, црна или бела боја, се наоѓа копчето за фотографирање со паметниот телефон и со апликацијата на Prynt. Корисникот може потоа да ги пушти фотографиите да се печатат на интегрираниот мини печатар, што би требало да трае околу 50 секунди.

Во сегашниот развоен стадиум, во печатачот собира само еден лист хартија. Во крајната верзија Prynt треба да има капацитет за 30 листови и да печати за 30 секунди. Развојот трае од јануари годинава и првично беше замислен за паметни телефони со големина од 4 инчи, но во иднина се планираат и поголеми верзии за iPhone 6 или за Samsung Galaxy Note 4. Продажбата ќе стартува во почетокот на 2015 година, а цената ќе изнесува под 100 долари.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Fujitsu работи на пренос на податоци преку LED

Комби од Volkswagen Golf со 300 КС