за

Функционални детали за уживање во возењето велосипед

Интересни решенија, интелигентни детали и функционален дизајн прават возењето велосипед да биде уште поголемо уживање. Производителите имаат многу новитети во понудата, за возење до работа или за долга тура.

За поголем комфор кај трекинг велосипеди од 28 инчи се грижи RockShox Paragon Gold со цена од 225 евра. Работниот од на амортизерот од 50 до 65 милиметри е доволен за популарните видови велосипеди, но може да направи голема разлика токму при подолгите тури. Тука сепак има други работи што се многу поважни од солидно димензионирани амортизери: Држачи за калници, интегрирано решение за динамо во оска или можност за вградување предно светло. Paragon Gold е достапен во две верзии, за сопирачки на обрач или за диск-сопирачки.

За другиот крај на велосипедот е наменет Racktime Shine Evo Tour со цена од 90 евра. Алуминиумскиот багажник за подолги тури ја постигнува цврстината со овални цевки и носи тежина до 25 килограми. За безбедоста на туристичките возења се грижи интегрирано задно светло со светлечки диоди. Рефлекторот LineTec од производителот Busch & Muller зрачи странично, така што возачите на автомобили можат подобро да го проценат растојанието.

Сосема нова димензија во поглед на комфорот отвора HP Velotechnik со моделот Scorpion Plus, чијашто цена сепак достигнува близу 4.000 евра. Повеќето велосипедисти го сметаат возењето „лежечки велосипед“ како борба за преживување на висина на издувните цевки на автомобилите. Специјалистот за овој вид велосипеди го имаше тоа на ум кај неговиот класичен модел со три тркала и ја зголеми ширината и особено висината на Scorpion.

Пред да пораснат доволно за самите да седнат на велосипед, најмалечките можат да уживаат во мултифинкционалните детски транспортери. Еден од најпопуларните модели на европскиот пазар е Croozer Kid со цена од 480 евра. Неколку детали се подобрени кај моделот за 2015 година, на пример во системот за врзување со ремен и во ракувањето.

Професионалните бајкери веќе долго време не се единствени што сакаат да ги документираат своите акробатски чинови, туку и хоби-возачите сé почесто носат камера со себе. Малечкиот придружник најчесто се прицврстува на шлемот, што е добро за драматичноста, но има недостаток во тоа што камерата го следи секое движење на главата и најчесто се добива бескорисен материјал. Држачот Go Big од производителот K-Edge (25 евра) прицврстува разни видови камери директно на велосипедот. Освен за снимање акциски сцени, држачот може да послужи и како статив за обични фотокамери, коишто се прицврстуваат со навој од четвртина инч.

Но, каде да се смести камерата кога не се користи? Решение за тоа нуди Ortlieb Micro ICS (23 евра). Малечката водоотпорна чанта може во само еден потег да се прицврсти на секое седиште што е опремено со адаптер ICS (Integrated Clip System). Вакви адаптери најчесто има кај италијанскиот специјалист за седишта Selle Royal, така што ништо не мора да се докупува. Иако на прв поглед изгледа дека има само малку простор на располагање, внатре собира мобилен телефон, паричник или клучеви, исто како и резервни гуми или алат за поправка.

Прицврстувањето во еден потег функционира и кај бравите за велосипеди. Фирмата Abus нуди три нови брави со обичен или обложен кабел, со фидлок магнетен држач. Phantom 8960 се прицврстува или на рамката или на стегата на седиштето и ги поштедува велосипедистите од мачното поставување и отстранување на бравата.

Заштита им е потребна и на велосипедистите. Шлемот Bell Stoker MIPS (околу 100 евра) ја користи релативно новата технологија MIPS, којашто подобро го штити мозокот од ротациските сили при пад. Други предности на овој шлем што е наменет првенствено за маунтинбајкерите, но е пријатен за носење и на мачни нагорнини, се отворената конструкција и можностите за приспособување.

RockShox Paragon Gold
RockShox Paragon Gold
Racktime Shine Evo Tour
Racktime Shine Evo Tour
HP Velotechnik Scorpion Plus
HP Velotechnik Scorpion Plus
Croozer Kid
Croozer Kid
K-Edge Go Big
K-Edge Go Big
Ortlieb Micro ICS
Ortlieb Micro ICS
Abus Phantom 8960
Abus Phantom 8960
Bell Stoker MIPS
Bell Stoker MIPS

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ford Focus RS: На сите четири

Porsche Cayman GT4: Вака треба да се однесува секој тркач