за

Француската влада преоѓа на возен парк на струја

Франција планира од 2016 година половината од државниот возен парк да го покрива со електрични и хибридни возила. Моментно околу една четвртина од возниот парк е со алтернативен погон.

Во минатата година учеството на возила со погон на струја и со хибриден погон во државниот возен парк на Франција досигна 25 проценти, односно од 5.042 возила, 1.271 се со алтернативен погон. Најголемиот дел од нив отпаѓа на обични хибриди, односно на локално произведуваниот Toyota Yaris Hybrid (925 примероци). Наспроти тоа има само 308 возила со чисто електричен погон, од кои 58 проценти се Renault Zoe и 26 проценти се Renault Kangoo Zoe. Со стапувањето во сила на новиот план за обновување на возниот парк се исклучуваат возилата со обичен хибриден погон, односно планот важи само за електрични возила и за хибриди со можност за надворешно полнење на батериите. Француската држава годишно набавува околу 5.000 нови возила. Од 2016 година, половината од нив или околу 2.500 возила ќе бидат плаг-ин хибриди или електромобили.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Новиот Volvo XC90 почна да ѕирка од зад ѕидот

Mercedes ги заменува алуминиумските клипови со челични