за

Франкфурт 2015: Land Rover Defender со погон на педали за 10.000 фунти

Додека новиот Bentley Bentayga го презема приматот од Range Rover, теренскиот специјалист создаде посебен автомобил за подмладокот. Пораката е: И децата знаат дека Land Rover ги произведува најдобрите теренци во светот.

Land Rover не остана неподготвен за премиерата на Bentley Bentayga во Франкфурт и одговори со автомобил кој предизвика забуна или смеа кај многумина, но неговата порака е јасна. Овој детски Land Rover Defender, со погон на педали, претставен е на салонот како колекционерски примерок по повод 60-годишнината на иконата меѓу теренските автомобили и меѓу другото порачува дека и децата знаат која е марката што ги произведува најдобрите теренци.

Рачно производство во Британија во чест на 60-годишнината на Defender

Детскиот автомобил на педали е прототип на серискиот модел што ќе стартува со продажба во следната пролет, приближно во исто време кога Land Rover ќе го прекине производството на легендата меѓу теренците, Defender. Производството на детскиот Defender ќе се одвива рачно во Британија, со регистерски таблички HUE 166 во чест на претсерискиот модел од пред 60 години кој ги носеше овие ознаки.

Каросеријата е изработена од алуминиум, со сериски број, посебна плочка со името на сопственикот и во сина боја преземена од стандардните модели. Mini-Defender е изработен во прецизен размер, со детали верни на оригиналот, па дури е опремен и со пневматици, место со полни гуми. Погонот на педали овозможува возење напред и назад, вградените амортизери се грижат за комфор во возењето, а за детските авантури да бидат безбедни се вградени и сопирачки, вклучувајќи и паркирна сопирачка.

Внатрешноста исто така покажува детали верни на оригиналот, со простор за багаж и со седишта и волан обложени со кожа. Соодветно на тоа и цената на овој специјален Land Rover изнесува околу 10.000 британски фунти.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Франкфурт 2015: Hyundai со спортска подмарка по пример на M GmbH

Франкфурт 2015: Borgward – Автомобилот што никој не го бараше