за ,

Франкфурт 2015: Lamborghini Huracan Spyder

Италијанската марка на Audi му додаде верзија Spyder на својот Huracan. Испораките на овој Lamborghini за уживање под отворено небо ќе стартуваат напролет, собирањето на 200.000 евра подобро нека почне навреме.

Lamborghini Huracan наскоро ќе биде достапен и во верзијата за уживање под отворено небо Spyder. Исто како купето, Spyder вози со 5,2-литарски мотор V10, без турбонатполнење и со здрави 610 КС, и исто постигнува крајна брзина од 325 km/h. Моќта се пренесува до сите четири тркала преку седумстепен менувач со двојна спојка. Поради зајакнувањата на каросеријата, отворениот Huracan тежи 120 килограми повеќе. Платнениот покрив може заради шоу пред публиката да се отвора во возење до брзина од 50 километри на час, што трае околу 17 секунди.

Преку две странични ветерни брани се дозира струењето на воздухот во кабината, а може да се дозира и звукот од моторот – со спуштање на електрично задвижуваниот прозорец зад седиштата. На тој начин, возачот може непречено да ужива во музиката на LP 610-4 и кога покривот е подигнат. Lamborghini Huracan Spyder чини преку 200.000 евра, испораките стартуваат напролет.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Франкфурт 2015: Што бара Citroen со овој автомобил на салонот?

Франкфурт 2015: Bugatti Vision Gran Turismo се појави во реалноста