за ,

Франкфурт 2015: Bentley го има „нај“ теренскиот автомобил во светот

Светот може конечно да продолжи да функционира нормално, Bentley го претстави најбрзиот, најскапиот, најсилниот и најексклузивниот теренец. Тоа што основата е од Audi Q7 само му оди во прилог на Audi.

Кога на новиот Audi Q7 ќе му се додадат повеќе коњски сили, повеќе луксуз и повеќе во сé, резултатот е Bentley Bentayga. Тоа е точно или приближно точно формулата да се добие најексклузивниот, најбрз, најсилен и најлуксузен теренски автомобил во светот – можеби не е наведено по точниот редослед, но секогаш е „нај“.

Што значи тоа „нај“: Нов шестлитарски мотор со 12 цилиндри, битурбонатполнење и моќност од 609 КС, заедно со вртежен момент од 900 њутнметри и осумстепен автоматски менувач. Со крајната брзина од еден над 300 километри на час, Bentayga или како и да е името на агата, побрз е од повеќето суперспортски автомобили во светот, а секако и од сите спортски теренци. Спринтот на крстосувачот тежок 2.422 до сто километри на час трае 4,1 секунди. За моќта да се пренесува совршено на подлогата задолжен е ротацискиот прекинувач со можност за избор на осум различни модуси на работа – во стил на Terrain Response на досегашниот примус Range Rover.

Во секој друг поглед, Bentayga е Bentley каков што треба да биде, вклучувајќи ја беспрекорната рачна изработка, примената на ексклузивни и егзотични материјали во кабината, па и цената – над 200.000 евра.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Франкфурт 2015: Купето од класата C на Mercedes конечно заличе

Франкфурт 2015: Четирите децении чекање вредеа за овој Mercedes