за

Финска ќе ја произведува и следната генерација на Mercedes A-Class

Valmet Automotive ја продолжува соработката со Mercedes и за следната генерација модели од компакт класата. Во фабриката на финскиот производител во Усикаупунки од 2013 година се произведува актуелната A-Class.

Фабриката на Valmet Automotive останува во глобалниот синџир од производствени локации и за следната генерација на Mercedes A-Class. Дополнителните капацитети за производство се неопходни покрај големиот интерес за моделите од компактната класа на Mercedes. Актуелната A-Class во 2013 година започна да излегува од погоните на финскиот производител по нарачка.

Покрај Усикаупунки, глобалниот синџир за производство на Mercedes A-Class ги вклучува и погоните во главната фабрика за моделот во Раштат, Германија, како и фабриката во Кечкемет, Унгарија, фабриката на кинескиот партнер BBAC во Пекинг, а во иднина и новата фабрика на Mercedes во мексиканскиот Агуаскалиентес. Во моментов во оваа северноамериканска држава се гради нова фабрика, заедно со партнерот Renault-Nissan. Од февруари годинава, на истата лента со A-Class се произведува и теренецот GLC.

Глобалната производствена мрежа на Mercedes опфаќа 29 локации со близу 78.000 вработени, вклучувајќи ја логистиката и развојот на нови модели и технологии.

Овие автомобили се произведувале во Valmet Automotive (поранешен Saab-Valmet)

  • Saab 95, 1969–1975
  • Saab 96, 1969–1980
  • Saab 99, 1969–1984
  • Saab Finlandia, 1977–1978
  • Saab 900, 1978–1998
  • Saab-Valmet Horizon, 1979–1985
  • Talbot 1510, Talbot Solara, 1979–1985
  • Saab 90, 1984–1987
  • Saab 9000, 1986–1990
  • Opel Calibra, 1991–1997
  • Lada Samara Baltic, 1996–1998
  • Porsche Boxster, 1997–2010
  • Saab 9-3, 1999–2003
  • Porsche Cayman, 2005–2011
  • Garia Golf Car, од 2009
  • Think City, 2009–2011
  • Fisker Karma, од 2011
  • Mercedes-Benz A-Class, од 2013
  • MercedesBenz GLC од 2017

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Асистентот на Opel резервира соба и наоѓа место за паркирање

Golf R со 310 КС и дозвола за 267 километри на час