за

Финска правда: 54.000 евра казна за пребрзо возење

Возач од Финска доживеал непријатно изненадување кога му пристигнала казна во висина од 54.000 евра заради побрзо возење од дозволеното за 23 km/h.

Казните за сообраќајни прекршоци се како сипаници. Нема возач што не ги „добил“. Дури и „најбезопасната“ казна од 45 евра за погрешно паркирање претставува товар за секој возач и трошок што ги урива плановите. Но, што тогаш да се каже за казна од 54.000 евра?

Финецот Раима Куисла добил таква казна, за возење со 103 km/h во зона со дозволени 80 km/h. Дури 54.024 евра за возење 23 km/h побрзо од дозволеното! Причината за астрономската казна сепак е поврзана со заработувачката на овој Финец. Бизнисменот прелани заработил 6,5 милиони евра. Сообраќајните казни во Финска се одредуваат според висината на заработувачката на прекршителот. Казната од 54.000 евра е одредена според даночната изјава на Куисла и изнесува 0,8 проценти од неговата годишна заработка. Доколку човекот имал „нормална“ заработка од 30.000 евра, тој ќе морал да плати само 240 евра.

Имајќи го тоа во предвид, казната од 54.000 евра повеќе и не изгледа претерано. Бизнисменот немало ниту да забележи казна од 100 евра. Куисла сега се жали за дискриминација на богатите и на својот профил на фејсбук напишал: Пред десет години сериозно размислував да се отселам во странство. За богатите луѓе со висока заработувачка и добростостојба е невозможно да живеат во Финска.“ Веројатно само малкумина би му завидувале сега на овој возач.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вака изгледа рекордниот круг на Honda Civic Type R на Нирбургринг

Салон Женева 2015: Безгласно следење на доминацијата на Volkswagen