Компактниот чешки теренец отсега ќе биде достапен во две изведби, елегантeн и стилски Yeti за град и авантуристички ориентирана Yeti Outdoor за на терен
Откако беше претставен пред четири години, теренецот на Skoda ги надмина сите очекувања во поглед на продажбата. За таа да се задржи на постоечкото ниво во услови на заострена конкуренција, Чесите сега го нудат нивниот теренец во две варијанти кои што се разликуваат во дизајнот – едната елегантна, другата робусна. На тој начин се проширува и целната група на моделот.
[one_half][/one_half]
[one_half_last][/one_half_last]
Изгледот на носот е редизајниран за да се вклопи со актуелниот дизајнерски печат на марката, со впечатлива маска и остра форма на светлата, кои за прв пат се достапни и во би-ксенонска варијанта и светлечки диоди како дневно светло. Промените назад се порадикални. Нова е формата на капакот и на светлата, а покрај логото се воочуваат триаголни елементи, како кај Octavia. Надворешниот настап на новиот Yeti се заокружува со четири нови дизајни на бандажи и четири нови металик лакови.
[one_half][/one_half]
[one_half_last][/one_half_last]
Прв модел на Skoda со камера за рикверц и помош при паркирање
Внатрешноста е целосно преработена, со трикрак волан кој е достапен во седум различни варијанти, нови материјали за седиштата и украсни елементи на арматурната табла. Yeti е прв модел на Skoda со можност за доплата за камера за рикверц и систем за автоматско паркирање. Премиера во Yeti доживува и можноста за пристап и стартување на возилото без клуч. Практичните идеи од новите модели се пренесоа и во Yeti: Под на багажникот со две лица, преносна светилка со диоди, преграда за сигурносен елек под возачкото седиште и кантичка за отпад во вратата.
Мотори од 105 до 170 КС
Понудата од погонски единици опфаќа три бензински и четири дизелски мотори, сите со туабонатполнење и директно впрскување. Стартот е со 1.2 TSI со 105 КС, завршетокот со 2.0 TDI со 170 КС. Новитетот кај погонот е тоа што последниот мотор отсега е достапен во комбинација со погон на сите тркала и шестстепен менувач со двојна спојка, додека за Yeti 1.6 TDI со 105 КС стои на располагање седумстепен менувач со двојна спојка.
Yeti стана интернатионална ѕвезда на Skoda
Од стартот во 2009 година се продадоа 263.200 примероци од Yeti. Само во минатата година беа продадени 87.500 примероци, односно 24.3% повеќе отколку во претходната година. Од крајот на 2012 година, моделот се произведува и во Русија, а од средината на оваа стартуваше продажбата и на кинескиот пазар. До крајот на годината се очекува да стартува и локалното производство на Yeti за кинескиот пазар.