за

Фејслифт за Kia Sportage: Нови материјали и нова опрема

Компактниот теренец на Kia доби освежување за новата моделска година: Мали промени во изгледот, поблагородни материјали во кабината, повеќе опрема и поголем конфор.

Новата верзија на Kia Sportage ќе има премиера на салонот во Женева во март. Надворешниот дизајн е променет во неколку ситни, но клучни детали. Внатрешноста исто така е редизајнирана во неколку делови, а се користат и материјали со повисок квалитет. Со доплата или во серија кај повисоките нивоа на опрема стојат на располагање поквалитетен аудио пакет, нови задни светла со светлечки диоди, варијабилно сервоуправување Flex Steer, електрично местење на возачкото седиште, греење на воланот и контрола на стабилност при влечење приколка.

Во повисоките нивоа на опрема во задните светла работат светлечки диоди
Во повисоките нивоа на опрема во задните светла работат светлечки диоди

Напредок е постигнат и во комфорот во возење, преку низа мери за потиснување на звуците и вибрациите од патничката кабина. Тоа подразбира подобрена изолација на ветробранот од бучава од ветер, но и неколку промени во подвозјето, особено во делот на држачите на менувачот.

Во внатрешноста се користат материјали со повисок квалитет, звучната изолација исто така е подобрена
Во внатрешноста се користат материјали со повисок квалитет, звучната изолација исто така е подобрена

Лани Kia продаде 89.553 од Kia Sportage во Европа, што е зголемување од 10,5 проценти во споредба со 2012. Спортскиот теренец се произведува во фабриката на Kia во Жилина, Словачка.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Touring Berlinetta има сé – само нема кој да ја произведе

Четири нови модели во гамата на класата S