за

Фетел во амбулантно комбе побрз од Ferrari

Ова видео докажува дека Себастијан Фетел возејќи амбулантно комбе на тркачка патека е побрз од службениот возач на истото комбе во Ferrari 488. Но, не за верување сé што ќе се види.

Може ли амбулантно комбе со стотина коњски сили да биде побрзо од Ferrari 488 со шестпати поголема моќност? Зависи. Зависи кој е зад воланот и зависи од тркачката патека што треба да се извози. Во последното рекламно видео, Shell сака да нé увери дека пилотот во формула 1, Себастијан Фетел, во амбулатно комбе е побрз од службениот возач на комбето во Ferrari 488 GTB на истата тркачка патека.

Четирикратната шампионска титула на Фетел дава веродостојност на видеото, но од друга страна, зад воланот на Ferrari седи Алекс Кнептон, кој е далеку од почетник во возењето. Тој има возено во над илјада итни интервенции за спасување човечки живот. Според тоа, Алекс би требало да е способен солидно да ја извози тркачката патека и со суперспортскиот болид да биде побрз од Фетел во тешко амбулантно комбе.

Пилони и шикани за спортскиот болид, слободен пат за амбулантното комбе

Видеото открива дека возачот на Ferrari 488 GTB на патеката мора да се соочи со многубројни пречки, како пилони и шикани, од коишто Фетел е поштеден зад воланот на комбето. Така целата приказна станува многу поверодостојна. На крајот, шампионот во формула 1 ја извозува патеката за седум секунди побрзо од возачот во Ferrari. Можеби и добра е идејата Фетел да се префрли на кариера на возач на амбулантно комбе. Така би биле спасени многу животи.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Песочна Seat Ateca ги пречекува патниците на аеродромот во Барселона

MAN го закачи логото и на доставно комбе: VW Crafter станува MAN TGE