за

Фестивалот на олдтајмери на Toyota им се посветува на едноставните вредности

Музејот на Toyota во Токио по осми пат организира фестивал на олдтајмери коj им овозможува на сите генерации возачи и ентузијасти да видат ретки историски автомобили. Темата за оваа година е „Без претерувања“.

Автомобилскиот музеј на Toyota повторно ќе биде домаќин на годишниот фестивал на историски автомобили, кој се одржува на 28-ми ноември во Токио. Темата на фестивалот во оваа година ќе бидат „лесните автомобили без непотребните претерувања“, во чест на создавањето едноставни, лесни и штедливи автомобили кои нудат голема противвредност. Посебно ќе бидат изложени шест историски модели од музејската колекција, меѓу кои американскиот Franklin Series 9 од 1918 година и јапонскиот Flying Feather од 1955 година.

На фестивалот на олдтајмери во Токио можат да се видат ретки историски возила и да се почувствува духот на нивното време
На фестивалот на олдтајмери во Токио можат да се видат ретки историски возила и да се почувствува духот на нивното време

Веднаш по почетокот на фестивалот, низ Токио ќе дефилира парада од околу 100 историски автомобили во приватна сопственост од целиот свет, следени од изложбените автомобили од повеќе периоди од музејската колекција. Преку специјални програми ќе се промовира и унапредува автомобилската култура и ќе се поттикнува интеракција меѓу автомобилските ентузијасти.

За годинава се најавува и поголем „Food Garage“, кој првпат се организираше лани, за настанот да биде целосно уживање за ентузијастите и за нивните пријатели и семејства. Претседателот Акио Тојота за осмиот фестивал на олдтајмери најавува: „Ова ќе биде голем настан за љубителите на автомобили од сите возрасти, вклучувајќи ги децата, кои што ќе имаат ретка шанса да видат уникатни историски автомобили.“

Водечко возило на парадата ќе биде Toyopet Crown Model RS21 од 1960 година, кој е модифицирана верзија на првата генерација на Crown, со мотор со повисока моќност, промени во дизајнот во ентериерот и екстериерот, како и со каросериска ламарина со повисок квалитет. Ова е првиот јапонски автомобил со 3-степен автоматски менувач и дополнителен степен со продолжен преносен однос.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Tesla Model S има лоша изработка, но сите би го купиле повторно

Volkswagen го претстави новиот Passat за американскиот пазар