за

ФБИ гледа смртоносно оружје во автономното возило на Гугл

Автомобилот на Гугл што управува самостојно уште е во фаза на прототип, но американскиот ФБИ веќе гледа во него потенцијално оружје во рацете на терористите.

Американската сојузна полиција ФБИ стравува дека терористите може да го искористат автономното возило на Гугл за реализација на нивните зли цели. Како што пишува британскиот дневен весник „Гардијан“, повикувајќи се на интерни документи, Google Car може да стане опасно оружје во рацете на криминалците, па дури и да се искористи за реализација на терористички напади.

Полицијата смета дека криминалците би биле во голема предност при евентуално полициско гонење, затоа што ќе можат слободно да си пукаат наоколу користејќи го оружјето со обете раце додека автомобилот си управува самостојно по поставената рута. Тоа од една страна изгледа комично покрај максималната брзина на Google Car од 40 km/h, но од друга страна, програмираното возење ќе го олесни избегнувањето на пречките на патот, како и на опасните ситуации.

ФБИ гледа уште поголема опасност доколку во автономното возило има поставено експлозив и програмирано е да вози само до целта. Google Car беше претставен на крајот на мај во Калифорнија. Двоседот со погон на струја нема ниту волан, ниту педали и се движи со помош на ласерски скенер монтиран на покривот, со многубројни сензори и специјално изведена конструкција на каросеријата.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Mazda ја претстави новата „двојка“

Fiat ги претстави новите верзии Cross од моделите Panda и Freemont