за

Уште еден дизајнер на Bentley во луксузната марка на Hyundai

Hyundai цели високо со луксузната марка Genesis и очигледно е дека луѓето сериозно си ја сфаќаат работата. Врвни дизајнери од најреномирани марки се приклучуваат во тимот.

Две големи имиња од светот на автомобилскиот дизајн веќе се ангажирани во луксузната марка на Hyundai. Лук Донкерволке, поранешен главен дизајнер за Bentley, Lamborghini и Audi, од годинава решава за изгледот на моделите на Genesis, а заедно со него во Кореја се пресели и Манфред Фицџералд, познат по неговата работа на дизајнот на Lamborghini. Корејскиот производител денес потврди уште едно познато име во својот тим. Прочуениот дизајнер на луксузни и спортски автомобили Санг Јуп Ли ќе има клучна улога во дизајнерската стратегија и иновациите во Genesis.

Најуспешниот автомобилски дизајнер од Кореја ќе развива дизајн што ќе биде препознатлив за луксузната марка и ќе им парира на водечките марки во најскапите сегменти. Санг Јуп Ли досега раководеше со каросерискиот дизајн на Bentley, а од јуни ќе биде втор човек во дизајнерскиот центар на Hyundai. Тој ја започна кариерата во Pininfarina и во центарот за дизајн на Porsche, за од 1999 година да биде ангажиран за General Motors, каде што меѓу другото има работено на концептните верзии на Chevrolet Camaro и Corvette Stingray. Неговото следно работно место е во американската филијала на концернот Volkswagen, како главен дизајнер за Volkswagen, Audi, Porsche и Lamborghini. Кон крајот на 2012 година, Ли преоѓа во Bentley Motors.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Volkswagen Beetle silverstone auction

Најсочуваниот Volkswagen Beetle има поминато само 90 километри

Ford GT ќе вози со бандажи од карбон