за

Унгарската полиција објави видео од хоророт со 336 km/h

Судирот на Lamborghini Huracan беше ударна вест во ланскиот септември. Двајца момци јуреа со 336 km/h по унгарскиот автопат. Совозачот направил снимка кусо пред судирот.

Lamborghini не е играчка, туку е чистокрвен суперспортски автомобил. Тој што ќе седне зад воланот на таков автомобил, треба да го владее одлично – и да го вклучи мозокот. Двајца млади очигледно заборавиле на тоа кога во ланскиот септември го претворија чичка новиот Lamborghini Huracan КС во крш, возејќи на автопат во Унгарија.

Унгарската полиција го објави видеото што совозачот го направил непосредно пред судирот. На снимката се гледа дека двајцата летаат по M7 и снимаат сé околу. Совозачот постојано се враќа на брзиномерот, којшто покажува 336 km/h – брзинското ограничување на унгарските патишта изнесува 130 km/h.

Двајцата се веселат една и пол минута – потоа возачот ја губи контролата и удира во заштитната ограда. Снимката е испрекината, се слушаат само гласно гмечење на металот и вресоци. Тука престанува видеото и полицијата ги прикажува фотографиите од местото. Болидот буквално е распарчен. Заштитната ограда го пресекла спортскиот автомобил како конзерва сардини.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Opel Astra назад во сервис: Опасност од пожар во моторот

Британските разузнавачи следеле лица преку нивниот iPhone