за

Улична бандера на иднината: Полнач за струја, WLAN Hotspot и сензор за отпад

панасоник бандера на иднината

Можеби не е убава како палма среде асфалтна џунгла, но е барем корисна и не толку скапа. Бандера на иднината служи како полнач за електрични возила, за пристап на интернет и јавува кога околните канти за отпад се преполнети.

Најдобро изградена мрежа во секој град е мрежата за улично осветлување. Обично. Panasonic развива бандера на иднината, преку којашто електричните возила ќе можат да ја освежат батеријата, минувачите да добиваат пристап на интернет, а комуналните служби да се алармираат кога сензорите ќе регистрираат преполн контејнер за отпад.

Јапонскиот гигант планира да ја искористи развиеноста (обично) на мрежата за улично осветлување и да ги претвори уличните бандери во мултиталенти. Во нив ќе се вградуваат и камери за надгледување, предаватели за мобилната мрежа, сензори што на возачите ќе им јавуваат слободен простор за паркирање. Има и сензори што ќе им дојавуваат на комуналните служби кога се преполнети околните контејнери за отпад. Бандерата на иднината на Panasonic се води како проект Shuffle.

Улична бандера на иднината способна за мултифункционалност

Главниот уличен непријател на моторџиите и пијаниците е совршен за новите функции во иднината. Бандерите ја имаат неопходната висина, распоредени се на рамномерно растојание и постојат насекаде. Опремени со штедливи и трајни светлечки диоди, бандерите ќе го понудат вишокот електрична енергија за возачите да ги полнат батериите, но и останатите функции ќе добиваат струјно напојување.

Технологијата којашто ќе им даде нова смисла на уличните бандери се нарекува HD-PLC и истата овозможува пренесување дигитални информации преку каблите за струја. Оваа технологија на Panasonic може да се користи за постоечките бандери да се „апдејтираат“, без потреба од поставување нови. Концептот е замислен како отворена платформа и овозможува интеграција на производи и услуги на дополнителни компании.

Единствената функција што отсуствува кај бандерата на иднината е чешма. „Отворање“ бандера некако звучи несоодветно за пред локални избори.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Еден коментар

Одговори

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ferrari Portofino

Ferrari Portofino доаѓа во замена за California

bac mono rasha

Прва дама сопственичка на екстремниот едносед Bac Mono