за

Тјунерот Irmscher ќе изработи само 100 примероци од оваа Opel Astra

Трендот на ограничените моделски серии ги зафаќа и тјунерските работилници. Специјалистот за Opel ќе изработи само 100 парчиња од Astra GTC Turbo i1400 со 170 КС.

Познатиот тјунер специјализиран за Opel понуди ексклузивна серија од сто примероци од серијата со ознака Astra GTC Turbo i1400, којашто опфаќа зголемнување на моќноста на 1,4-литарскиот бензинец од 1,4 литар од 140 на 170 КС, заедн издувен лонец со четири издувни цевки, подвозје спуштено за три сантиметри и алуминиумски бандажи од 20 инчи со гуми 235/30.

Тјунираното купе од Irmscher се препознава по маската и по додатокот во предниот спојлер, проширените прагови, задниот спојлер, дифузорот во задниот браник и по впечатливите ленти по страниците на каросеријата и на хаубата. Секако, логото i 1400 не смее да недостига на опашот на оваа ексклузивна Astra GTC. Спортските седишта се обложени со кожа со штепови во контрастна боја, специјални патосници и пинови во вратите и педали од алуминиум.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Opel Cascada ќе се продава во Америка како Buick

Магазинот auto motor und sport со информации за Golf VIII