за

Турчин го тужи Land Rover, Европската Унија му помага

Турскиот бизнисмен Енгин Јакут го тужи Land Rover поради дефектите на моторот и менувачот на неговото возило. Цела Европа се крена на нозе, Land Rover одбива да го замени возилото.

Турскиот бизнисмен Енгин Јакут поднесе две тужби против англискиот производител Land Rover, поради дефектите на моторот и менувачот што оневозможуваат тој да го користи својот Range Rover. Цела Европа зборува за случајот. Покрај Енгин Јакут се пријавија уште осуммина други сопственици на моделот Yeni Range Rover со слични проблеми и пропусти во производството. Поради овие дефектни возила е покренат процес за сервисен повик, за когошто е одговорен адвокатот Др. Кандас Гурол. Судскиот процес е апсолутна новина за турските потрошувачи, затоа што првпат се тужи светски автомобилски концерн и во следните недели случајот ќе се појави пред Судот за потрошувачи во Истанбул.

Меѓународното дипломатско здружение, кошето е основано од Гинтер Ферхојген, потпретседател на комисијата на ЕУ што е задолжена за проширување на заедницата, го прифати барањето на Енгин Јакут. Претседателот на ова здружение, Гинтер Мајнел, којшто е правен советник на членките на ЕУ, како и на Обединетите Нации, изјави за случајот со Јакут, „неправдата, којашто Јакут ја доживува веќе 18 месеци, претставува повреда на човечкото право.“

Енгин Јакут во обраќањето до Парламентот, како и до Комисијата на ЕУ, наведува: „Возилата Yeni Range Rover може да се повлечат од пазарот и да прекине нивната продажба, доколку така одлучи Комисијата на ЕУ. Ние поднесовме барање до европската организација за квалитет, за европскиот сертификат за квалитет ISO 9000 да му се одземе на Land Rover. Компанијата Land Rover повеќе не смее да го става европскиот печат CE за „безбеден производ“, затоа што постојат нови дефектни возила. Од друга страна, компанијата ги мами европските потрошувачи. Компанијата Land Rover треба да стави печат „Rapex“ на своите возила, којшто се однесува на неквалитетни и небезбедни производи. Сообраќаен скандал е тоа што овие возила се хомологирани за сообраќај во Европа.“

Турчинот натаму објаснува дека кај новите возила постојат дефекти во менувачот и во цревото за турбокомпресорот, како и сериозни пропусти во акустиката. Доколку соодветните министерства поднесат налог за истрага, ќе се утврдат уште голем број возила со слични дефекти. Заради спречување на сообраќајни незгоди, увозот на возилата Yeni Range Rover треба да престане. „Се обративме до надлежните министерства, за хомологацијата на возилата да се поништи. Исто так аочекуваме дека и нашите министри ќе се заложат“, заклучува Јакут.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Volkswagen Touareg: Лета со 340 КС, но може и да едри

Омилената лимузина на Американците е … Toyota Camry!