за

Турција повторно ќе произведува сопствен автомобил

турција автомобили anadol stc 16

Турскиот претседател Ердоган сака неговата земја повторно да има автомобил „Made in Turkey“. Производството би започнало веќе за три години. Големи се шансите дека плановите на Турција нема да останат само на желби.

Претседателот Реџеп Таип Ердоган денес изјави дека Турција во 2021 година повторно ќе има автомобил од сопствен развој и производство. Пет фирми ќе се здружат во производството на турскиот автомобил: Групата Анадолу, турско-катарската компанија БМЦ, холдингот Кирача, групата Туркчел и холдингот Зорлу.

Турција во 1960-те години ја имаше марката Anadol, којашто се базираше врз соработката со Ford. Возилата беа конструирани и произведувани во земјата, Ford ги испорачуваше моторите. Целата гама опфаќаше вкупно седум модели, вклучувајќи и спортско купе. Производството беше прекинато во 1990-те години.

Турција ги извезуваше моделите на Tofas на повеќе пазари во регионот

Нам ни е повеќе познат Tofas Murat, автомобил што започна да се произведува во 1971 година, под лиценца на Fiat 124. Подоцна се појавија и неколку каросериски изведби врз база на Fiat 131, коишто се нудеа под најразлични имиња. Денес во фабриките на Tofas се произведуваат автомобили на Fiat, но повеќе не го носат името Tofas.

Турската автомобилска индустрија моментно произведува најмногу за американските и европските марки. Но, постојат одлични услови за Турција повторно да започне со производство на сопствени автомобили. Во земјата постојат голем број добавувачи, коишто испорачуваат сé поголем број готови модули во завршната монтажа на возилата. Тоа значително го поедноставува конструирањето и производството на возилата, нема потреба ниту од располагање со најнапредни технологии или долгогодишно искуство. Автомобилот „Made in Turkey“ треба практично само да се состави.

Најдобриот пример за тоа доаѓа од Калифорнија. Специјалистот за електрични возила Tesla им го препушти комплетниот развој на добавувачите, вклучувајќи ги и клучните дисциплини, како што е развој на подвозје или завршна изведба на кабината.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

schwacke, монитор на задоволство на дилерите

Дилерите на Mercedes најзадоволни на германскиот пазар според Schwacke

mazda cx-5

CX-5 ѝ донесе рекордна продажба на Mazda