Неколку недели пред почетокот на продажбата на новиот Macan, Porsche нуди туристички аранжман за нетрпеливите. Два дена во и околу Барцелона, ексклузивно со новиот модел – и со соодветна цена.
Продажбата на новиот теренец на Porsche почнува дури доцна напролет. На нетрпеливите возачи, Porsche Travel Club им нуди дводневно екскурзиско возење на возбудливи рути во регионот на Барцелона, по Пиринеите. Во посебниот пакет „Порше Тура Барцелона“ се вклучени и сместување во хотел и оброци.
Првата дводневна тура е на 31-ви март, потоа следува тура на 3-ти април и на крајот на 6-ти април. Цената изнесува 2.150 евра по лице во двокреветна соба. Покрај ова ексклузивно доживување пред новиот теренец Macan да стане достапен за сите заинтересирани, Porsche Travel Club нуди уште многу други можности за трошење пари во и околу Porsche. Тоа вклучува посета на фабриките, возење во најскапите модели на марката по фасцинрачки рути низ Германија, Европа и низ целиот свет.