за

Зошто сите се најдоа во трка околу податоците од автомобилите

трка околу податоците од автомобилите

Жестока битка се води околу податоците од автомобилите. Сите ги посакуваат овие податоци, почнувајќи од производителите, преку стартап-проектите, до осигурителните компании. Причината за тоа не е изненадување за никого. Од овие податоци може да се заработи добро. И ќе се заработува уште подобро.

Податоците се новата нафта. Новите генерации автомобили се вмрежени и создаваат сé поголем обем на податоци. Тие може да се искористат за најразлични бизнис модели. Од таа причина производителите, трговците, осигурителните компании и понудувачите на услужни дејности буквално се борат да обезбедат право за користење на податоците од автомобилите.

Располагањето со податоците од возилата стана главна тема во браншата. Денешните автомобили произведуваат изобилство податоци, од коишто дел се од личен карактер, а дел се технички податоци. Но, без разлика какви се податоците, од нив се заработува.

трка околу податоците од автомобилите 1523

Трговците со автомобили, сервисните работилници, добавувачите, осигурителните компании, автомобилските клубови, стартап-компаниите, сите ги посакуваат овие податоци. Не изостануваат ниту државните институции, првенствено сообраќајните планери, но и органите на правдата се засегнати. Податоците од возилата, на пример, може да се користат при вештачења, заради утврдување на вината кај тешки сообраќајни незгоди.

Податоците од автомобилите отвораат нови можности за бизнис

Навидум обичните податоци од движењето на некој автомобил, односно кога и каде се движи возилото, може да се искористат во практични цели. Рентакар службите, куќните мајстори, шефовите на возни паркови, сите тие можат преку сателитско следење да проверат дали нивните службеници „застрануваат од патот“ или си земаат екстра време за одмор.

Супермаркетите и синџирите од станици за гориво можат да го анализираат сообраќајниот тек и да изнајдат начин за зголемување на прометот во нивните продавници. Апликациите, на пример, пријавуваат дека има слободни места на паркиралиштето. Тоа ги привлекува возачите да запрат и да го купат потребното или да ја добијат потребната услуга.

Автомобилот ќе си ја плаќа сметката за гориво

Со личните податоци на возачот може да се изведат уште цела низа апликации. Во следните години ќе се случи нивна експанзија. Автомобилите ќе се претворат во еден вид платежно средство. Плаќањето на сметката за гориво практично ќе го врши самиот автомобил.

трка околу податоците од автомобилите 2523

На дисплејот во кокпитот ќе се појавуваат реклами на најблиските продавници и ресторани. Овие реклами ќе бидат скроени според личните преференци на возачот. Тоа е слично како со рекламите што се појавуваат во интернет-пребарувачот.

Дигитализацијата им овозможува на фирмите да понудат дополнителни услуги, за подобрување на сопствениот производ или за отворање нов извор на приход.

Според законите во повеќето земји во ЕУ, сопственикот на возилото сам избира дали ќе им ги отстапи личните податоци на компаниите. Но, производителите на автомобили не ги препуштаат техничките податоци од возилото туку така.

Производителите тврдат дека податоците се бришат по нивното користење

Неколку марки веќе нудат услуги коишто се базираат врз податоците од возилата. Во случај на дефект, на пример, возилото по барање на возачот испраќа податоци за идентификација и локализација на возилото до договорните сервисни работилници. Овие податоци сепак се бришат по нивното испраќање. Со тоа се оневозможува препраќање на податоците до трети страни.

трка околу податоците од автомобилите 3523

Автопроизводителите ги сметаат податоците што се меморирани во возилото како податоци за возилото, но не и за возачот. Тоа значи дека возачот нема право да располага со овие податоци. Тука се водат најголемите спорови во моментов.

На пазарот се води борба за обезбедување на податоците од автомобилите

Осигурителните компании имаат различен став од автопроизводителите. Тие сметаат дека сите податоци во возилото, па дури и оние што се однесуваат на бројот на вртежи на моторот, му припаѓаат на возачот. Во тој случај, возачите ќе можат сами да решаваат на кого ќе му ги препуштат овие податоци.

Автомобилите испраќаат купишта информации до производителите

Осигурителите веруваат дека возачите попрво ним ќе им ги препуштат податоците од возилото, отколку на производителите на автомобили. Целта на засегнатите субјекти е да се обезбеди чесна и недискриминирачка конкуренција околу податоците и услугите што се базираат врз нив.

Голем број корисници несвесно ги препуштаат личните податоци. Овој феномен е вообичаен за социјалните мрежи, особено фејсбук. Приватната сфера се стеснува сé повеќе. Од приватните податоци се заработува најмногу.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Роботски автобуси Финска

Роботски автобуси на редовна линија во Хелсинки

мотоцикли безбедност bosch

Кога мотоцикли и автомобили ќе се најдат во пријателски муабет