за

Три милиони евра за автомобилот на Џејмс Бонд

Новиот сопственик на автомобилот на Џејмс Бонд од филмот „Спектар“, за сума од три милиони евра сега може и навистина да се чувствува како најславниот таен агент во светот. Но, овој сопственик сепак останува во тајност.

Најславниот таен агент во светот веќе со децении е верен на марката Aston Martin кога станува збор за изборот на службен автомобил. Спектакуларниот DB10 од последниот бондовски филм „Спектар“ се најде на наддавање и достигна цена од 3,1 милиони евра. Сосема очекувано, во познатата аукциска куќа Кристис во Лондон се одвивала вистинска борба меѓу претендентите за агентскиот автомобил. Идентитетот на новиот сопственик сепак останува во тајност. Средствата од наддавањето ќе бидат доделени на организацијата „Лекари без граници“.

Филмскиот автомобил е „речиси“ уникат. Aston Martin изработи вкупно десет примероци од моделот што специјално беше развиен за филмските сцени. Осум примероци од серијата се „потрошија“ за снимањето на сцените со бркотниците во филмот, а само два примерока беа поштедени и се користеа во рекламни цели. Еден од овие два примерока е тој што сега се продаде за над три милиони евра. Другиот примерок не е во план да биде понуден на продажба.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Borgward ќе претстави уште еден теренец во Женева

Новата Ford Kuga со премиера на саем за мобилна технологија