за

Третиот модел на BMW-i пристига во 2020 година

Суперспортскиот хибрид i8 ќе добие помал брат до 2020 година. Шефовите најавуваат уште еден револуционерен концепт во подмарката BMW-i

Германскиот производител уште во текот на оваа година ќе решава за воведувањето на трет модел во понудата на подмарката BMW i. За испорака на суперспортскиот i8 моментно се чека до осум месеци.

BMW ќе воведе трет член во понудата на модели во семејството „i“ до 2020 година. Шефовите на марката ќе решаваат до крајот на годинава за „комплетно новиот иновациски концепт“. Не се исклучува можноста новиот модел да има и конвенционален погон. Лани BMW продаде 16.052 примероци од компактниот i3 и 1.741 примерок од суперспортскиот i8. Во оваа година ќе следува значително зголемување на продукцијата. Времето за чекање на испорака за електричниот компактен автомобил i3 моментно изнесува три до четири месеци, додека за хибридниот спортист i8 купувачите мора да се стрпат до осум месеци.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Производителите одбиваат да вградат заштита од враќање на километражата

Премиера на новата генерација на Lexus RX на салонот во Њујорк