за

Товариш, каде е мојот автомобил?

Обама има Cadillac, Меркел има Audi. Рускиот претседател сака и тој да има сопствен автомобил. Владимир Путин веќе подолго време бара автомобил од домашно производство. Можно е овој патриотски сон наскоро да му се исполни на првиот Русин.

Откако некогашната светска сила зачекори по патот на капитализмот, светот ги доживува Русите како богати и горделиви луѓе, со слабост за скапите работи. Таквиот имиџ не му пречи на Владимир Путин. Напротив, тој сака и самиот да се пофали со тоа што го има. Но, едно нема. Руската авто индустрија не може да му испорача на првиот човек на државата соодветен претседателски автомобил.

russian presidential

Исто како и неговиот претходник Борис Јелцин, рускиот претседател се вози низ Москва со блиндиран Mercedes. Пред три години, Путин побара од домашните производители да направат автомобил за него. Проблемот беше во тоа што избраната марка Zil веќе подолго време произведува само камиони. Путин сепак му даде шанса на производителот, но прототипот со ознака 4112P не го одушеви. Лимузината во стил на американските крстосувачи од 1970-те години не одговараше на замислата на рускиот претседател. Не помогна многу и фактот што потрошувачката на лимузината со техника од пред четири децении беше намалена од 65 на 27 литри на сто километри.

Претседателот не се откажа од планот и продолжи да си бара соодветен автомобил. Истрајноста се исплатеше. Два производитела наскоро ќе ја претстават нивната замисла за автомобил за првиот човек на државата. Производителот GAZ, меѓу другото познат и по неговите модели на Volga, развива лимузина врз основа на Volkswagen Phaeton, а производителот специјализиран за спортски возила Marussia распиша конкурс. Јарослав Јаковлев победи на конкурсот.

Кон крајот на годината, обата производители ќе излезат со своите возила пред руската влада. Неизвесно е дали нивните возила ќе му се допаднат на Путин. Но, можеби така ќе заврши планот на претседателот да си најде совршен автомобил од домашно производство.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Hyundai i20 е најдобар во класата според Auto, Motor und Sport

Невнимателното качување на тротоар ги уништува гумите