за

Тиват го вдоми стилот на Mercedes

Mercedes-Benz Style отвори павилјон за своите ексклузивни производи во Порто Монтенегро, во црногорскиот Тиват. За прв пат марката ги прикажува сите свои производи за секојдневието, од очила до мебел, но и за несекојдневието, како хеликоптерот Eurocopter EC145.

[slideshow id=89]

Со ексклузивна гала вечер беше отворен павилјонот во приморскиот град Тиват, каде што Mercedes-Benz Style за прв пат ги прикажува на едно место сите групи на производи од својата дизајнерска марка: Мебел, кожени производи и куфери, очила, модел на хеликоптер, па дури и модел на идната јахта Granturismo. Оваа 14-метарска јахта ќе биде претставена во финалната изведба на Салонот на јахти во Монако кон крајот на септември, а тогаш ќе почнат и нарачките. Тиват ќе биде дом на оваа суперлуксузна јахта која што е произведена во Silver Arrow Мarine.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Тие знаат што е добро: Крадците во Њујорк преферираат Mercedes

Hyundai i20 е најдобар во класата според Auto, Motor und Sport