за

Тесна завршница во битката меѓу Volkswagen и Toyota

40 години ги урива рекордите - Порака од управната зграда на Volkswagen

Битката за титулата за најпродавана марка во светот останува неизвесна до последниот ден. Volkswagen бележи зголемен раст и можно е да ја преземе титулата од Toyota.

Volkswagen и Toyota ќе ја завршат годината со околу 10 милиони продадени возила, потиснувајќи го General Motors на третото место. Тоа ќе биде најлош пласман за американската мајка на Opel по преземањето на светското лидерство во 1931 година.

Во првите три календарски квартали, Volkswagen се најде во водство пред Toyota со 7,50 наспроти 7,49 милиони продадени патнички и товарни возила, додека General Motors заостана со 7,37 милиони возила. Volkswagen не успеа да го задржи големиот раст од 5,8% во првото полугодие поради падот во продажбата во Јужна Америка и Русија, така што во ноември остана со плус од само 0,7 проценти. Според аналитичарите, Volkswagen ќе ја заврши годината со 9,95 милиони патнички возила (+4,4%), додека Toyota ќе има 10,25 милиони патнички возила (без Hino). Ако се додаде и продажбата на MAN/Scania, Volkswagen сепак ќе ја презеде титулата на најголем производител на автомобили во светот. General Motors ќе ја заврши годината со 9,85 милиони патнички и товарни возила (+1,4%).
Најсилна динамика во текот на целата година постигна концернот Hyundai-Kia, којшто за првпат има над осум милиони возила (+5,8%). Ford стагнира на 6,3 милиони (-0,5%).

Целата бранша во 2014 година ќе забележи продукција од околу 75 милиони патнички возила, што претставува зголемување од 3,7 проценти.

Кај заработката има измешана слика. Први според профитот се Toyota и Volkswagen, со 12,9 односно 9,4 милијарди евра пред даноци, додека Hyundai следи со 5,6 милијарди евра. Поради дебаклот со сервисните повици и лошата продажба на Opel во Европа, General Motors ќе ја заврши годината со 3,2 милијарди евра, што е за преку една третина помалку во споредба со лани. Ford инвестираше многу во развој на нови модели, но и покрај тоа ќе има поголем профит од General Motors, со 3,9 милијарди евра.

Поради слабата продажба на Opel и дебаклот со сервисните повици во САД, General Motors ќе има профит од само 3,2 милијарди евра во текот на целата 2014 година

Најголема маржа имаат Toyota и Hyundai, со 9,2 односно 7,7 проценти. Толку овие производители заработуваат на вредноста на секој продаден автомобил. Тоа е релативно висока маржа за не-премиум марки, но во последните години сепак бележи благо опаѓање. Volkswagen добива високи 6,4 проценти од секое возило, но благодарение на луксузните и премиум марките. Маржата кај Ford и General Motors во трите квартали од 2014 година изнесува 4,8, односно 3,6 проценти.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Мобилните на Samsung во драстично опаѓање

САД: Мобилна апликација во замена за возачка дозвола