за

Теренец во семејството модели DS

citroen wild rubis

Тоа се чекаше, теренец во престижната подмарка на Citroen. На салонот во Шангај кој почнува на 21-ви април, Французите ќе го претстават концептното возило Wild Rubis, како верна преднајава на идниот спортски теренец во семејството модели DS. За погонот е задолжена гордоста на Citroen, хибридниот погон со дизелски мотор и електромотор за задната оска, додека за практичноста и функционалноста, традиционално силни страни на Citroen, ќе има неколку изненадувања.

Wild Rubis, а со тоа и идниот теренец DS, мери во должина 4,7 метри, широк е 1,95 метар и висок 1,59 метар. Возилото е качено на бандажи од 21 инч и покажува сјаен хром во сите четири агли на каросеријата. Во носот Wild Rubis ги презема цртите на новиот дизајн на Citroen, кои што беа прикажани со концептниот автомобил Numero 9.

Амблемот DS во маската е нагласен со светлечка заднина. Во традиција на легендарниот DS од 1950-те, предните светла се подвижни и се составени од три модули од светчечки диоди.

[nggallery id=19]

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Брзината не им помага на криминалците во Дубаи

Фабрика тврди 5 литри – реалноста покажува 7 литри