за

Теренецот на Rolls-Royce поаѓа да го тестира светот

Причината Rolls-Royce да ги објави фотографиите од тест-прототипот на својот прв теренски автомобил Cullinan не е да се поттикне интересот на купувачите. Благородната марка има малку поинаков начин за продажба на своите возила. Фотографиите се објавуваат за акционерите да се успокојат дека сé се одвива според планот околу развојот на теренскиот Rolls. Од денес Cullinan е на тестирање по јавните патишта.

Кога Rolls-Royce комуницира со јавноста, всушност комуницира со своите акционери. На 18-ти февруари 2015 година, британската марка испрати отворено писмо до „Financial Times“, со коешто се обврза дека редовно ќе ги известува акционерите за напредокот со проектот Cullinan. Оттогаш, Rolls двапати годишно објавува информации за својот теренски автомобил. Сега се на ред официјални фотографии од производителот, кои сведочат дека проектот за „возило за секаков терен, со високи страни“ е веќе во напредната фаза. Од денес, Rolls-Royce Cullinan започнува со тестирање по јавни патишта.

„Со првото спојување на новиот погон на сите тркала и на новата ‘архитектура на луксузот’ продолжуваме со создавањето на автентичниот Rolls-Royce, кој исто како неговите предци ќе ги постави одново стандардите според коишто се оценуваат сите останати луксузни добра“

Торстен Милер-Отвос, шеф на Rolls-Royce

https://www.instagram.com/p/BMrWyXJghxT/?taken-by=rollsroycecars

Луксузниот теренец ќе добие комплетно алуминиумска каросерија, каква што ќе користат и следните нови модели на Rolls-Royce по продажниот старт на Cullinan во 2018 година. По католичкиот Божик, теренецот ќе навлезе во Арктичкиот Круг, кадешто ќе биде тестирана издржливоста на возилото во екстремни услови, исто како и тракцијата на погонот на сите тркала. Потоа следи префрлување во Средниот Исток, за теренецот да се тестира во спротивниот температурен и климатски екстрем.

rolls-royce cullinan_1

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

volkswagen tuzbi avstrija

Новата марка на Volkswagen се вика Moia и нема врска со производство на автомобили

Четири светски метрополи ќе ги забранат дизелите до 2025