за

Такси компанија од Манчестер со посебна тарифа за играчи на Покемон Го

Компанија за такси превоз од Манчестер ја користи големата популарност на мобилната игра Покемон-Го за сопствена промоција. Тоа се покажа како вистински погодок што носи одлична заработка.

Такси компанијата „Стрит Карс“ од Манчестер им нуди едночасовно возење до најдобрите локации во градот на играчите на Покемон-Го по фиксна цена од 20 британски фунти, односно околу 24 евра. Целата замисла беше маркетиншки гег, којшто само требаше да го привлече вниманието на јавноста, со цел да се промовира такси компанијата, искористувајќи ја актуелната популарност на мобилната игра.

Но, оваа понуда на „Стрит Карс“ наиде на неочекувано голем интерес, така што од дванаесетте такси возила што се резервирани за акцијата, осум возила се во постојано движење. „Стрит Карс“ располага со возен парк од околу 600 возила. Според компанијата, за акцијата се ангажирани искусни играчи, што во играта имаат достигнато и до 20-то ниво. Шефовите дошле до идејата да ја отпочнат акцијата токму откако утврдиле дека огромен број нивни возачи се пасионирани играчи на Покемон-Го.

 

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Сите претходници на Aston Martin DB11

Високи и тесни гуми се новиот тренд во развојот на автомобилите