за

Студија на Smart: Порто е „најсреќен“ град за живеење

Специјалистот за градски автомобили спроведе истражување, кој европски град најмногу ги усреќува и забавува своите жители. Првото место за Порто е изненадување, но има уште многу други.

Пред дваесетина години, жителите во големите европски градови почнаа многу помасовно да се селат во предградијата. Метрополисите им станаа бездушни, гласни, пребрзи. Но, во последните неколку години, Европејците почнаа да им се враќаат на градовите. До 2050 година се предвидува дека 70 проценти од светското население ќе живее во град. Марката со малечките автомобили Smart сакаше да дознае што најмногу ги усреќува граѓаните, што ги прави задоволни, што тие мислат за растечките егзистенцијални трошоци, колку им значи инфраструктурата, дали имаат доволно забава – накусо, дали во најголемите градови живеат и најсреќните луѓе?

Преку 3.000 жители од 31 европски град, на возраст меѓу 18 и 65 години, оценуваа на скала од 0 до 100 според шест критериуми што ги поставија врвни прихолози: „Величенствена целина“, „возбудлива живост“, „разновидност на контрасти“, „постојано откривање нови работи“, „обемна инфраструктура“, „одвоеност на домот“. Првото место на град со највисок индекс на задоволство за живеење му припаѓа на португалскиот крајбрежен град Порто, пред германските градови Хамбург и Келн.

14C633_04

Европскиот просек моментно изнесува 74, што укажува дека и покрај последиците од економската и финансиска криза, како и проблемите со инфраструктурата во некои од градовите, анкетираните мошне позитивно го оценуваат својот град. 82 проценти се горди што живеат во нивниот град, 72 проценти дури го сметаат тоа за привилегија, 76 проценти би сакале да останат во градот во следните пет до десет години, а 65 проценти не можат да замислат да живеат во друг град.

Раздвижените и разновидни светски метрополи како Париз, Рим или Лондон сепак не се на врвот меѓу градовите што ги прават своите жители најзадоволни. По Порто, со „индекс на урбано задоволство“ со вредност 86, Хамбург (85), Келн, Минхен и Барселона (80), следат Амстердам, Севиља и Лидс (79), додека Париз заостанува со 75, а Рим и Лондон со 70. Под просекот се Наполи (62) и Марсеј (58).

14C633_06

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Новата класа Е на Mercedes доаѓа во 2016 година

Nissan и Mitsubishi во заеднички развој на евтин електромобил