за

Студијата Tristar го најавува новиот Volkswagen Transporter

Volkswagen ги подготвува деловните корисници, авантуристите и татковците со големо семејство за пристигањето на новата генерација на Transporter в година

Наближува пристигањето на шестата генерација на Transporter, Volkswagen го најавува нејзиниот изглед преку студијата Tristar на штотуку започнатиот салон за стопански возила во Хановер.

Volkswagen постепено ги подготвува деловните корисници, авантуристите и татковците со големо семејство за пристигањето на новата генерација на Transporter. Како најава за шестото колено на серијата T, марката товарни возила Volkswagen ја прикажува пикап-студијата Tristar на салонот за стопански возила во Хановер, којшто ќе трае до 2-ри октомври.

Пикапот со остри рабови на каросеријата и диодни светла го прикажува дизајнерскиот правец на новиот модел, којшто се очекува да биде претставен во следната година на салонот во Женева. Во исто време, студијата со груб профил на гумите и растојоание за подлогата зголемено за три сантиметри го означува и 30-от роденден на моделите со погон на сите тркала Syncro.

Салонскиот модел поседува погон на сите тркала, двоен товарен под, како и приспособлива и луксузно изведена кабина со ротирачки предни седишта и таблет интегриран во масичката. На деловните состаноци нема да недостига ниту машина за еспресо. Наспроти најавите дека во серискиот модел ќе работи новиот дволитарски битурбо со 240 КС од новиот Passat, во студијата е вграден дволитарски TDI со 204 КС и 450 Nm, којшто го забрзува пикапот за 10 секунди до сто и постигнува крајна брзина од 185 km/h.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Студија на база на Mitsubishi Outlander за салонот во Париз

Рекорд за Volkswagen: 42 милиони автомобили од фабриката во Волфсбург