за

Стартуваше производството на новиот Hyundai i30

Во фабриката на Hyundai во Чешка денес стартуваше производството на обновената моделска генерација на компактниот модел i30. Во гамата сега влегува и турбо-моделот со 186 КС.

Hyundai започна со производство на обновената моделска генерација на компактниот модел i30 во фабриката во Ношовице, Чешка. Исто како сите останати модели на Hyundai коишто се наменети исклучиво за европскиот пазар, освежениот i30 е дело на развојниот и дизајнерски центар на марката во германскиот Риселсхајм. Со актуелното освежување, i30 дополнително ќе ја зајакне својоата позиција во компактната класа, како најпродаван модел на Hyundai на европскиот пазар.

Моделската генерација што беше претставена премиерно во 2012 година, по освежувањето се препознава по модифицираната хексагонална маска, којашто воедно е заштитен знак на моделите нд Hyundai. Покрај промените во дизајнот, фејслифтот на i30 донесе и нови мотори и менувачи, како и побогата безбедносна и комфорна опрема. Гамата ги опфаќа комбилимузинските изведби со три и со пет врати, како и комбито Tourer. Во најштедливата изведба, i30 троши само 3,6 литри дизел и има емисија на CO2 од само 94 грами на километар. Врвот на гамата на i30 го крунисува моделот со турбо бензинец со 186 КС, познат од купето Veloster.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Премиера за Hyundai i30 Turbo на салонот во Женева

Opel го прекинува производството во Русија