за

Стартуваше производството на новата Škoda Superb

Од фабриката на Škoda во Квасини излезе првиот Superb од третата генерација. Производствените погони беа темелно обновени и проширени за новиот модел.

Од производствените погони во фабриката на Škoda во Квасини се симна првиот примерок од третата генерација на Superb. Производствените погони се комплетно модернизирани и проширени за новиот модел. Покрај изградбата на нова хала за изработка на каросеријата на Superb, проширени се и постоечките производствени хали. За почетокот со производството на новата Škoda Superb е инвестирано и во нови производствени технологии. Само во новата хала за изработка на каросерии се инвестирани дури 62,3 милиони евра, а за следните години се планира натамошно проширување на фабриката.

Третата генерација на Škoda Superb воведува целосно нов дизајнерски идентитет на чешката марка и нуди уште повеќе простор и комфор во споредба со претходникот, како резултат од користењето на платформата MQB на концернот Volkswagen. Superb е на врвот на моделската палета на Škoda од 2001 година, со повеќе од 700.000 произведени примероци досега, што го вбројува меѓу најпопуларните модели во средната класа.

Квасини е една од трите производствени локации во Чешка и моментно вработува 4.500 лица. Покрај Superb, во фабриката се произведуваат и моделите Roomster и Yeti. Лани во Квасини се произведоа 166.200 возила.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

YouTube отсега подржува видеа во 360 степени

Возењето велосипед го зајакнува грбот