за

Спортската марка Alpine се враќа на сцена

Последниот автомобил под знакот на Alpine излезе од фабриката во 1995 година. Враќањето на марката беше извесно уште претходно, а сега е познат и изгледот и техниката на моделот што ќе пристигне в година.

Изборот на Монако за место за светската премиера воопшто не е случаен. Тркачката легенда Alpine A110 владееше на рели-сцената во периодот меѓу 1970 и 1975 година, а најголема надмоќ над конкурентите имаше токму на релито Монте Карло. Спортското купе со средишно вграден мотор и екстремно ниска каросерија се произведе во 11.000 примероци меѓу 1961 и 1977 година, вклучувајќи и помали серии од моделот изработени во Шпанија и Бугарија. Alpine A110 со право важи како една од најголемите легенди во француската автоиндустрија. По повеќе од четири децении од последниот произведен примерок од марката, Alpine повторно ќе се појави на сцената, со изгледот и со техниката што сега ги прикажа студијата Alpine Vision.

alpine vision 008Со новиот двосед чијшто изглед неодоливо потсеќа на A110, сопственикот Renault очекува да се избори за добра позиција во растечкиот сегмент на спортски купеа. Конкуренцијата не е толку безопасна, тука чекаат Porsche 718 Boxster и Alfa 4C. Французите засега не откриваат конкретни детали околу техниката на купето, туку само наведуваат дека серискиот модел ќе се одликува со лесна конструкција и ќе користи четирицилиндарски турбо од спортското одделение на Renault. Alpine ветува единствено дека забрзувањето до сто ќе изнесува само 4,5 секунди. Преносот на сила ќе се врши преку менувач со двојна спојка.

Со дигиталните дисплеи место класични инструменти, кокпитот на идниот Alpine потсеќа на виртуелниот кокпит на Audi TT. Конечната сериска верзија на новиот Alpine и моделската ознака ќе следуваат подоцна во текот на годинава. Продажбата на спортскиот автомобил стартува дури в година, а паралелно со тоа ќе следува и појавување на спортската сцена.

Според Renault, дизајнот, конструкцијата, управливоста и деталите на студискиот автомобил ќе останат речиси непроменети кај серискиот модел. Верно на традицијата, производството ќе се одвива во фабриката на Alpine во Диепе, од каде што последниот модел A610 излезе во 1995 година.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Mercedes воведува нова генерација дизели во класата Е

Jaguar преоѓа во следната лига: 320 km/h за F-Type SVR