за

Специјална серија за 40-годишнината на Golf

Volkswagen го одбележува 40-от роденден на бестселерот со специјална серија Golf Edition. Цените во Германија почнуваат од 27.700 евра, опремата е спектакуларна.

Роденденскиот модел Golf Edition е опремен со спортски седишта во комбинација од кафена кожа и алкантара, таванот е во црна боја, исто како и внатрешните облоги на столбовите, вклучувајќи го логото на градот Волфсбург втиснато во седиштата. Стилскиот настап е заокружен со осветлени прагови и кожа на воланот и рачката на менувачот. За каросеријата стојат на располагање осум бои, премиерно вклучувајќи светло кафена боја во металик изведба, којашто постигнува одличен контраст со полираните бандажи од 17 инчи со дизајн „Сингапур“. Задните стакла се затемнети, а на повеќе места на каросеријата се среќава ексклузивната плочка во хромирана изведба со натпис „Edition“.

Техничката опрема исто така импресионира: Патен компјутер „премиум“, радарски темпомат, сензор за надгледување на мртов агол, ксенонски светла, како и автоматика за светлата и бришачите. Опремата понатаму вклучува радио Composition Media со дисплеј од 15 сантиметри, осум звучници и приклучоци за надворешни уреди. Основата на Golf Edition е највисокото ниво на опрема Highline, а заштедата во цената, не вклучувајќи ги ексклузивните ставки од опремата, изнесува 825 евра.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

На Mazda ѝ претстои рекордна година

Електричен автомобил на солена вода прави голема сензација