за

Специјална серија за 20-годишнината на Lotus Elise

Lotus го одбележува јубилејот на Elise со специјалната серија „20th Anniversary Special Edition“. Основа на роденденскиот модел е Elise S Club Racer, со полесна и поародинамична каросерија. Тежината изнесува само 914 килограми, односно десет килограми помалку од стандардниот Elise S. Забрзувањето до сто со 1,8-литарскиот мотор со 220 КС трае само 4,6 секунди, а крајната брзина изнесува 237 километри на час.

На арматурната табла, на седиштата и на опашот се наоѓа специјалното лого на серијата. Култната британска марка го нуди овој модел со дополнителна опрема во вкупна вредност од 7.000 евра, но за клима-уред, радио и цврст покрив и натаму мора да се доплати екстра.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Pirelli ќе добие кинески сопственици?

740.000 електрични автомобили возат во светот