за

Со овој Aston Martin е подобро да се оди пеш

Aston Martin x Hogan

Возачите на Aston Martin отсега не мора да се грижат кога треба да одат пеш. Благородната марка од островот им подготви специјална серија спортски обувки, којашто ќе се изработи во ограничен број примероци – и чини соодветно.

Aston Martin се грижи комплетно за стилот на возачите на автомобил од марката. Во соработка со италијанската марка Hogan произлегоа луксузни спортски обувки, коишто ќе бидат изработени во ограничен број примероци. Светот за првпат ги виде скапите обувки со лого на Aston Martin за време на модната недела во Лондон.

Квалитетот, стилот и елеганцијата како заеднички именител на Aston Martin и Hogan

Стартот на продажбата на „Aston Martin x Hogan“ е најавен за подоцна во месецов. Четири бои се на располагање. Тоа што ги здружи двете престижни марки во оваа соработка се заедничките гледишта на квалитетот, стилот и елеганцијата. Основа за ексклузивните обувки е прочуениот дизајн „олимпија“ на Hogan. Како што објаснуваат од марката, „кожата е комбинирана со најлонска мрежа, со цел да се постигне изглед кој е секојдневен исто колку што е мудар, создавајќи современо урбано чувство.“

Aston Martin x Hogan sneakers 06

Во изгледот на спортската обувка, дизајнерите ја гледаат силуетата на спортските купеа на Aston Martin. Неколку специфични детали во обработката на кожата навистина се преземени од возилата на британската култна марка. Во изработката не може да се очекува друго освен врвна мајсторија. За јазикот на обувката се користи класичната кожа од автомобилите на Aston Martin, не изоставувајќи го втиснатото лого на марката.

Visitors to London can join us at No.8 Dover St, our first brand experience boutique, located in the heart of Mayfair.

Posted by Aston Martin on Wednesday, June 7, 2017

Серијата ќе биде достапна во само 3.000 чифта, во избрани бутици на Hogan низ целиот свет, онлајн на Hogan.com и во престижниот центар на Aston Martin на Довер Стрит. Цената? Стандардниот модел Hogan Olympia, со повеќе среќа може да се најде за околу 300 евра. За специјална серија, веројатно двојно повеќе.

Aston Martin x Hogan sneakers 05

Aston Martin x Hogan sneakers 04

Aston Martin x Hogan sneakers 03

Aston Martin x Hogan sneakers 02

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Wave Trophy

Стартува најголемото рели со електрични автомобили во светот

Ричард Хамонд незгода

Ричард Хамонд повреден во застрашувачка незгода на снимањето на „Гранд Тур“