за

Со автомобилот право во вода – и тоа е сосем разумно

Lazarerth Moke Amphibie

Француската фирма Lazareth носи големо летно освежување на автомобилската сцена. Нивната изведба на Mini Moke може да се користи и како чамец. За возење по земја, на Moke Amphibie му помага погонот на сите тркала. Единствено е потребно малку нагодување околу цената.

Француската работилница за тјунирање автомобили и мотоцикли Lazareth обично не се занимава со ситнурии. Лани еден мотоцикл доби мотор од Maserati со 470 КС, а една година пред тоа во квадрицикл беше вграден дванаесетцилиндарец од BMW. Овојпат од Lazareth пристига нешто „необично“. Моторот има зафатнина од само 400 сантиметри кубни, а каросеријата е изработена во стил на некогашниот Mini Moke.

Сер Алек Исигонис го осмисли Moke како тест-прототип за првиот Mini

Оригиналниот британски Moke беше култен автомобил. Тој се произведуваше од 1964 до 1968 година. Генијалниот конструктор Сер Алек Исигонис сакаше само да го го користи ова возило како прототип за тестирање на механиката на Mini. Неколку години откако British Motor Corporation стартуваше со производство на легендарното „мини“, Moke се врати во живот како лесно теренско возило, слично на Jeep, со таа разлика што не беше замислено за воена намена, туку за нормален сообраќај. Исигонис го крсти возилото Mini Moke.

New item by Automedia MK / Google Photos

На староанглиски, Moke не значи друго освен магаре. Светската слава проследи откако „магарето“ се појави во неколку филмски епизоди со Џејмс Бонд и во жандармските комендии со Луј де Фин. Дури и Брижит Бардо му искажа љубов на овој несекојдневен автомобил, користејќи го при престојувањето во својата вила во Сен Тропе. Потоа од сите страни на светот се обидуваа да го копираат или да го понудат како кит-кар. Постои дури и електрична верзија E.Moke.

Lazareth не дозволува импровизации во техниката: Оттаму доаѓа и цената

Госпоѓа Бардо во меѓувреме се подготвува да го одбележи својот 83-ти роденден и веројатно нема да покаже интерес за последната креација на нејзиниот земјак Лазарет. Автомобилот во секој случај поседува материјал да се вивне во култен објект. Меѓу другото, поради тоа што е амфибиско возило, односно може да вози и да плови.

New item by Automedia MK / Google Photos

La Moke Amphibie Lazareth својот пливачки талент го црпи од примената на пена во каросериските шуплини. Под хаубата работи четиритактен едноцилиндарец од 400 сантиметри кубни, со „сите нишани“ – четири вентили, водено ладење и моќност од 19 КС. Преносот е преку безстепен менувач, каросеријата е изработена од алуминиум. Крајната брзина по земја изнесува 90 km/h, во вода седум чворови или 13 km/h.

Со погонот на сите тркала и тежина од само 440 килограми, мини-амфибијата може да вози и по песок или да се искачува по карпи. Единствено ограничување му е цената од 42.000 евра. Тоа е мошне оптимистички за двосед од 2,3 метри. На Лазарет сепак нема да му недостигаат нарачки.

New item by Automedia MK / Google Photos
New item by Automedia MK / Google Photos
New item by Automedia MK / Google Photos
New item by Automedia MK / Google Photos

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

колку патници собира во Honda Civic

Колку патници собира во Honda Civic?

Toyota и Mazda соработка

Toyota и Mazda градат заедничка фабрика во САД