за

Сопствениците на Tesla Model S минаа милијарда милји на струја

Специјалистот за електричен погон од Калифорнија од денес е милијардер. Толку милји изминаа заедно сите досега продадени примероци од електричниот автомобил Tesla Model S, еднакво на 40.000 обиколувања на земјината топка.

За само три години откако луксузната лимузина со погон на струја е во продажба, нејзините сопственици минаа преку една милијарда милји. Со оваа дистанца, којашто е еднаква на 40.000 обиколувања на земјината топка, атмосферата е поштедена од половина милион тони од јаглеродниот диоксид – гасот на стаклената градина и на глобалното затоплување. Во светот досега се продадени нешто помалку од 75.000 примероци од Tesla Model S, што значи дека сопствениците во просек минале 13.330 милји или околу 21.500 километри во последните три години. Според производителот од Калифорнија, достигнатата една милијарда милји сведочи за издржливоста и надежноста на неговите возила и на самиот погон на струја.

Откако Model S беше лансиран во 2012 година, Tesla Motors развиваше богата инфраструктура од полначи за струја во Северна Америка, Европа и Азија. Оваа мрежа моментно брои 445 брзи полначи и илјадници договорни станици за полнење, со што се овозможуваат и подолги патувања со електричниот автомобил – без надомест за искористената струја за полнење на батериите.

Калифорниската фирма во сопственост на генијалниот претприемач Илон Маск ќе го одбележи ова достигнување со турата „Следната милијарда милји“, којашто ќе се состои од патувања по континентите на Северна Америка, Европа и Азија, со цел возачите да ги искусат перформансите и возните својства на Model S.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Renault Megane се подготвува за нов пазарен старт в година

Кој е навистина светскиот мотор за 2015 година?