за

Сообраќајни знаци за корисници на паметен телефон во Јужна Кореја

Специјални сообраќајни знаци ќе ги предупредуваат корисниците на паметни телефони и возачите во јужнокорејската престолнина Сеул за потенцијалните опасности на патот.

Градските власти во јужнокорејската престолнина Сеул ќе постават специјални сообраќајни знаци на повеќе сообраќајни жаришта на територијата на градот со коишто ќе ги предупредуваат корисниците на паметни телефони и возачите за потенцијалните опасности на патот. Засегнатите институции низ целиот свет веќе подолго време се свесни за фактот дека интензивното користење на паметните телефони во јавните простори носи одредени опасности. Во некои градови веќе се направени и експерименти со посебни семафори вградени во тротоарот. Сеул сепак реши да се соочи со овој проблем преку специјални сообраќајни знаци.

Едниот сообраќаен знак се однесува на пешаците, другиот на возачите. Секако дека обете учеснички страни во сообраќајот мора да внимават едни на други. Во случајот со сообраќајниот знак за пешаците зависници од паметен телефон, прашање е колку знакот може да биде ефикасен додека погледот на пешаците е насочен во телефонот. Но, вреди да се проба. Вистинското решение ќе се најде, порано или подоцна. Веќе е смислен и жаргонски израз за „занесени“ корисници на паметен телефон по јавните простори. Смомби, како кованица од смартфон и зомби!

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Porsche Panamera: Спортскиот автомобил меѓу луксузните лимузини

Porsche Panamera до детал: Моторите во новиот „GT“ од Цуфенхаузен