за

Сокриен е Jeep Renegade – кој ќе го најде, негов е

Марката Jeep го претвора маркетингот во авантура. Некаде на планините во Европа е оставен нов Renegade и чека да биде пронајден. Клучевите се внатре.

Авантура, преживување во дивина, читање карти, откривање предели во коишто човек никогаш не стапнал – тоа е впишано во генетскиот код на марката Jeep. Американскиот специјалист за теренски возила го нуди сето тоа во возбудлива акција којашто ја користи да го рекламира последниот свој модел. Компактниот Renegade е сокриен во некоја пустелија во Европа, со клуч оставен во бравата. Кој ќе го најде возилото, негово си е.

Потрагата е вредна во секој случај, затоа што се работи за моделска верзија на Renegade со погон насите тркала и дизел мотор, со цена од 30.000 евра. Во почетокот од авантуристичката акција, Jeep уште не ги открива ниту приближните координати на локацијата на возилото. Ако постои таков авантурист што има среќа да го пронајде возилото, ќе си дојде сам до него. Првичните упатства непрецизно укажуваат на местото: „Јас сум високо на врвот на една планина – но, не се наоѓам на континентот од каде што потекнувам.“ Според Jeep, локацијата е во предел што е толку далеку од цивилизацијата, што во него може да се остави возилото со клуч во бравата и долго време да не биде пронајдено.

На крајот ќе бидат откриени и координатите на егзотичната локација. Во секој случај, да се пристигне до местото е потребно добро теренско возило и подеднакво искусен возач. Интересна идеја што покрај опкруженоста со недопрени планински предели би можело да се реализира и кај нас. Некогаш.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Renault подготвува верзија RS од новиот Twingo

Клима уредот може да биде извор на бактерии во кабината