за

Совети: Клима-уредот се гасне пред да заврши возењето

Совети за клима-уредот

Клима-уредот стана неизоставен дел од опремата. Автомобил без клима-уред практично не се продава, без разлика дали станува збор за ново или користено возило. Но, комфорот што го тој го обезбедува во возачкото секојдневие, лесно може да се претвори во ноќна мора.

Современите клима-уреди со филтер за полен, односно филтер со активен јаглен, имаат способност темелно да го прочистат надворешниот воздух што струи во кабината. За тоа да функционира, неопходно е филтерскиот систем да биде чист и во беспрекорна состојба. Во спротивно се насобираат габи или бактерии и го загадуваат воздухот во кабината.

Поради тоа, клима-уредот треба да се одржува редовно во предвидените сервисни интервали. Секако дека посетата на сервисот се подразбира и кога разладната моќ ќе почне да слабее. Тоа обично подразбира замена на филтерот за кабината. Секој возач може самиот да изврши брза проверка за утврдување на евентуалните недостатоци во системот.

Контрастната боја во разладното средство во клима-уредот ги открива местата што пропуштаат

Кога попушта разладувањето, најчесто се работи за протекување на разладното средство. Во тој случај е потребно стручно лице да провери дали системот пропушта и да ја провери количината на средството во системот. При полнењето ново средство, професионалците честопати користат и контрастно средство. Тоа помага полесно да се лоцира местото, доколку подоцна се случи пропуштање на средството.

Која е правилната температура за клима уредот во автомобилот?

Од клима-уредот некогаш почнува да се шири непријатна миризба веднаш по неговото пуштање. Тоа е сигурен знак дека во системот се наоѓаат габи, чиешто присуство е предизвикано од преостанатата влажност во клима-уредот. Во тој случај е неизбежна посетата на специјализирана сервисна работилница. Системот мора да се дезинфицира. Советот за избегнување на овие непријатности: Кусо пред завршување на возењето, потребно е да се исклучи климата, но вентилаторот се остава да работи. На тој начин, струењето на воздухот ќе ја отстрани влажноста од системот.

Нормалната температура на местење на клима-уредот е 22 до 22,5 степени Целзиусови

Од повеќе гледишта е препорачливо клима-уредот да не се пушта на премногу студено. Разликата меѓу надворешната и внатрешната температура не треба да е преголема. Нормална температура за местење на клима-уредот е 22 до 22,5 степени Целзиусови. Покрај тоа што се избегнуваат температурни шокови за телото по излегувањето од возилото, се заштедува и гориво. Доколку климата е наместена на најстудено, компресорот постојано работи под максимална моќ и го голта горивото.

Штедливците не мора да се радуваат на овој совет. Доколку се вози со отворени прозорци, потрошувачката на гориво обично е повисока отколку со вклучена клима.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

мотоцикли безбедност bosch

Кога мотоцикли и автомобили ќе се најдат во пријателски муабет

кина-лидер-електричните-автомобили

Кина е неприкосновен лидер во електричните автомобили