за

Совети за студените денови: Зимска подготовка на автомобилот

Зимата не е лесна. Наутро треба прво да се изгребе мразот, па со смрзнати прсти да се стартува моторот – а тој одвај вергла. Течноста за миење е замрзната… совети како да се избегнат непријатностите.

При проверката дали автомобилот е подготвен за зимскиот студ, прв на списокот е садот за течност за миење на прозорците. Системот за миење функционира при температура под нулата само кога во садот се наоѓа доволно средство против мрзнење. Ако не можете да се сетите дали во садот сте наполниле обична летна мешавина без заштита од мрзнење, најсигурно е целосно да го испразните садот. При полнењето почитувајте го редоследот: Прво средство против мрзнење, па вода. Потоа вклучете ги прскалките неколкупати. На тој начин ќе спречите замрзнување на старата течност што останала во цревата и во прскалките.

Да се види и да се биде виден

Друг проблем во зима се замаглените прозорци. Поради тоа, редовно чистете ги прозорците однадвор и однатре. Проверете ги и метличките на бришачите. Ако гумата е порозна или ошптетена, заменете ги бришачите навреме, за да го спречите замачкувањето на стаклата при работата на бришачите. Не заборавајте да ги исчистите и светлата, затоа што во темното годишно време е најважно осветлувањето да работи правилно. За правилно да гледате, но и да бидете видени од другите, проверете дали светлата се насочени правилно.

Заштита на бравите и гумените заптивки

Ако имате постар автомобил без далечинско отклучување, за наутро да не останете пред врата, користете средство за одмрзнување на бравите. Но, може да се влијае и превентивно. Посигурно е бравите навреме да се заштитат со графитен спреј или соодцетно масло, со коишто се спречува собирање вода во отворот на бравата и нејзино замрзнување. За заштита на гумените заптивки на вратите, прозорците, хаубата и капакот на багажникот користете силикон, глицерин или талк.

Зимски помагала во багажникот

Препорачливо е помагалата во текот на целото зимо да бидат во багажникот. Тоа се гребач за мраз, метла, ракавици, кабел за помош шри стартување, како и ланци за снег, преклоплива лопатка и дебело ќебе. Гребачот за мраз треба да има цврста рачка, посебен запчест раб за гребење цврст мраз и гумен раб за чистење на стаклата. Ако мразот е премногу дебел, помага спреј за одмрзнување на стаклата. На тој начин се избегнуваат и гребаниците на стаклата.

Како правилно се стартува со кабел

Ако моторот не стартува, помошта е во кабел за стартување. Но, внимавајте! Ако кабелот се постави погрешно, може да дојде до краток спој и оштетување на електриката. Ова е правилниот редослед: Прво закачете го едниот крај на црвениот кабел на плус полот на празниот акумулатор, а другиот крај на плус полот на полниот акумулатор. Потоа едниот крај од црниот кабел приклучете го на минус полот на полниот акумулатор, а другиот крај на моторот или на маса на каросеријата (најчесто е метално јазиче).

Препорачливо е во зима да ги имате следните помагала во возилото:

– гребач за мраз
– средство за одмрзнување брави
– метла
– спреј за одмрзнување стакла
– заштитно средство за гумените заптивки
– волнено ќебе и дебела јакна
– ракавици и зимски чизми
– кабел за помош при стартување
– сајла за влечење
– синџири за снег
– батериска светилка и батерии
– лопатка за снег
– резервна кантичка за гориво
– самолеплива лента за заштита на бравите

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

„Петмилиметарскиот“ Oppo стартува со продажба

Jaguar Land Rover гледа низ столбови и следи автомобили-духови