за

Следната генерација на Civic со два нови турбо-бензинци

Турбонатполнењето станува неопходност за исполнување на строгите норми за издувни гасови. Паралелно со тоа следува и намалување на работната зафатнина, на 1.0 и 1.5 литар.

Новите турбо-бензинци од пролетоска веќе се вградуваат во моделите на Honda за јапонскиот пазар, во Jade и Step WGN
Новите турбо-бензинци од пролетоска веќе се вградуваат во моделите на Honda за јапонскиот пазар, во Jade и Step WGN

Honda воведува два нови бензиски мотори со турбонатполнење во европската понуда од модели. Моторите располагаат со зафатнина од 1,0 и 1,5 литар и ја носат ознаката VТEC-Turbo. Тие ќе бидат дел од понудата на мотори за десеттата генерација на Civic, чија што продажба во Европа се очекува да стартува

во почетокот на 2017 година. Новите мотори потекнуваат од генерацијата погонски единици „Earth Dreams“ и се одликуваат со мала инерција и директна реакција на гасот. Покрај тоа, директното впрскување на горивото обезбедува оптимален сооднос меѓу моќноста и вртежниот момент, којшто е многу повисок отколку кај конвенционалните атмосферски мотори. Првиот VTEC-Turbo со работна зафатнина од два литри дебитираше годинава во Civic Type-R, со моќност од 310 КС, што на компактниот спортист му овозможува забрзување до сто за 5,7 секунди.

Комбилимузинската изведба на новата генерација на Civic ќе се произведува единствено во фабриката на Honda во Свиндон, Велика Британија. Honda вложи 270 милиони евра во нови производствени процеси и технологии за новиот модел во британската фабрика.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Белгиски мотоцикл на струја спојува носталгија и иднина во едно

Овие часовници изгледаат исто како брзиномерот во вашиот олдтајмер