за

Скапоцена алка на рака место клуч в џеб: Фирма од Лондон со „генијална“ идеја

Ставањето на клучот од автомобилот на маса веќе одамна е надмината работа. Сега е доволно да се покаже скапоцената алка на зглобот, којашто ги презема сите функции на клучот. Фирма од Англија ќе изработува лимитирани серии од оваа алка-клуч и тврди дека е во исто време единствена и водечка фирма што работи на оваа проблематика.

Лондонска фирма се обраќа до сопствениците на суперавтомобили: „Senturion е првата и единствена луксузна алка од својот вид, којашто ви овозможува да го носите вашиот суперавтомобил на зглобот.“ Сите оние што се опседнати со идејата да бидат членови на уште еден ексклузивен клуб во светската заедница на сопственици на суперавтомобили, ќе бидат услужени со оваа алка – за којашто отсекогаш сонувале, но не знаеле за тоа.

senturion alka kluc 00007

Senturion има потпишано договори со избрани марки, почнувајќи од Bentley, Ferrari, Rolls-Royce или McLaren, до Pagani и Bugatti. Идејата е експертите во фирмата да ги вчитаат во алката податоците што инаку се наоѓаат во стандардниот клуч од суперавтомобилот.

„Бидете еден во милијарда“ – и платете соодветно за тоа

Мотото е да се биде „еден во милијарда“. Секоја посебна колекција клучеви ќе се изработува во серија од седум примероци. Седум милијарди луѓе на планетата, седум клучеви Senturion. „Бидете еден во милијарда“, порачуваат од островот. Постои колекција за сопственици на суперавтомобили што се посветуваат со тркањето, колекција за оние што негуваат посебен животен стил, за дијамантољупци или метеорољупци. Најевтино минуваат оние со Racing Edition, чијашто алка е изработена рачно од платина, кожа, бел карбон и титан, по цена од 41.650 фунти, додека најскапо плаќаат оние со дијамантите. За Diamond Edition Tsar треба да се издвојат 91.630 фунти.

senturion alka kluc 00001

Посебна состојка на Meteorite Edition е „астероидот којшто патувал низ универзумот околу четири милијарди години, што значи дека е постар и од самата земја.“ Може да се изработи и уникат, по избор на нарачателот и по цена од најмалку 150.000 фунти. За таа цена, врвните мајстори на Senturion ќе потрошат повеќе од 70 часови во изработката на часовникот, користејќи техники како „подводна ерозија со меури“ или прецизно ласерско режење со прецизност од илјадинка од милиметар.

Седумдесет часови се потребни за изработка на една алка – по малку непотребен податок?

Уште малку математика. Под претпоставка дека во Sentiruon работат десет мајстори и секоја од постоечките осум колекции и потколекции се изработува во седум примероци, за што се потребни околу 70 часови, целото планирано производство на фирмата ќе биде завршено по околу 4.000 работни часови, односно 400 часови по мајстор. Тоа се нешто повеќе од седум седмици работа по мајстор. Уште по пет-шест седмици, секој мајстор ќе посвети во изработка на уникатите од по 150.000 фунти. Што побогу ќе работат мајсторите во преостанатите денови од годината? Веројатно ќе беше помудро доколку Senturion ги премолчеше седумдесетте часови. Или можеби во фирмата е вработен само еден мајстор? Или нема сопствен мајстор?

Страницата на фирмата е достапна и на руски, кинески и арапски јазик. Лондон е сепак омилено сврталиште на многубројни светски култури. Или можеби е само збиралиште на пари од ново-наивните.

senturion alka kluc 00004

senturion alka kluc 00003

senturion alka kluc 00005

senturion alka kluc 00006

senturion alka kluc 00008

 

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Кое е возилото што деновиве е најпопуларно во Македонија?

Volkswagen ги орасположува акционерите со 2900 колбаси и 12000 переци