за

Сите новитети на Kia во Париз (3): Venga

Компактниот ван од словачката фабрика на Kia доби освежен дизајн и поквалитетен ентериер, продажбата ќе стартува заедно со преработената моделска верзија на Rio.

По пет години од премиерата на Venga, Kia ќе го претстави својот ван од сегментот Б во ново светло на салонот во Париз. Новото моделско годиште на Venga се препознава по повчепатливиот изглед на предната маска, новата позиција на логото, променетиот изглед на долната маска, како и новиот дизајн на магленките и диодните дневни светла. Промените назад се сведуваат на диодни сегменти во задните светла, коишто сега се споени со хромирана лајсна. Бандажите исто така имаат нов дизајн.

Освежувањето во внатрешноста е постигнато со потемни метални панели, нови облоги на седиштата и преработен изглед на средишната конзола. Во опремата се додадени волан со можност за греење и унапреден навигациски систем со камера за рикверц и побрза обработка на податоците. За просторот под хаубата стои на располагање понуда од шест мотори, бензински и дизел, со зафатнина од 1,4 и 1,6 литар, во дијапазон меѓу 77 и 128 КС. Исто како кај Rio, сите мотори може да се комбинираат со систем старт-стоп, за поголема штедливост во град.

Од стартот на моделот се продадени преку 150.000 примероци на европскиот пазар. Venga се произведува во фабриката во Словачка, продажбата ќе стартува од почетокот на следната година.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Сите новитети на Kia во Париз (2): Rio

Сите новитети на Kia во Париз (4): Optima T-Hybrid