за

Синот на Шумахер е светски вицешампион во картинг

Под псевдонимот Мик Џуниор, петнаесетгодишниот син на Михаел Шумахер викендов стана светски вицешампион во јуниор класата во картинг.

Второ место и вицешампионска титула во класата КФ-Јуниор во картинг за Мик Џуниор. Доколку не се работеше за синот на Михаел Шумахер, којшто вози под овој псевдоним, никој немаше да се интересира за овој успех. Мик Џуниор сака да продолжи по патот на својот татко и да стане тркач од светска класа. Со освојувањето на оваа титула, „малиот Шуми“ докажа дека во него се крие потенцијал за успешна кариера во мотоспортот.

Петнаесетгодишниот Мик стартуваше од осмото место и ја заврши трката со место на подиумот. Синот на Шумахер возеше во конкуренција од 34 возачи за италијанскиот тим Tony Kart Racing, со когошто во свое време соработуваше и таткото. Мик му го посвети успехот во Франција на својот татко, којшто во истата земја доживеа незгода на скијање пред помалку од една година. Шуми Сениор моментно закрепнува во неговиот дом во швајцарското гратче Реха. Во интервјуто за италијанскиот „Газета дело спорт“ Мик изјави: „Ова е само почеток, мошне сум задоволен и се разбира дека сум горд на овој важен резултат, но сакам да станам светски шампион.“ Исто како татко му.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Audi TT Roadster: Отворен за спорт

Renault Espace меѓу ѕвездите на салонот во Париз