за

Серијата 5 на BMW ќе добие трицилиндарски мотори

Во новиот Mini доживеаја премиера трицилиндарските мотори на BMW. Во иднина се планира овие мотори да се вградуваат дури и во серијата 5 – заедно со електромотор.

BMW ќе продолжи да ги смалува моторите и да користи хибриден погон во своите модели со цел да се исполнат идните еколошки норми, кои предвидуваат максимално 100 грами СО2 на километар од 2020 година. Дури и големиот теренец X5 во верзија со хибриден погон со надворешно полнење на батериите дотогаш ќе ја спушти емисијата на СО2 под поставениот лимит.

Хибридниот погон на BMW е развиен така што може да се вгради во кој било постоечки модел со заден погон, односно во целата моделска гама, со исклучок на Mini и идната генерација на серијата 1, како и новиот Active Тourer.

Значаен придонес за намалување на потрошувачката на гориво, односно емисијата на СО2, ќе дадат новите трицилиндарски мотори што доживеаја премиера во новиот Mini, а во иднина ќе почнат да се вградуваат и во моделските серии на BMW. Тоа значи дека е можно дури и серијата 5 да добие мотор со три цилиндри. Овие мотори моментно постигнуваат моќност од 95 КС, но во комбинација со хибридна техника може да се достигне доволна моќност за големата лимузина. Во истата генерација мотори спаѓаат и новите четири и шестцилиндарци. Првите постигнуваат максимално 272 КС, вторите 326 КС.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Mercedes тестира со биогориво добиено од слама

Quant-e претставува нова технологија на течни батерии