за

Сервисен повик за 30.000 примероци од Mercedes CLS во САД

Дефектните задни светла на Mercedes CLS се сериозна закана за безбедноста

Повеќе од 30.000 примероци од Mercedes CLS продадени во САД мора да ги посетат сервисните работилници на марката заради отстранување на безбедносниот дефект со осветлувањето на возилото.

Диодните задни светла на Mercedes CLS ги доведуваат сопствениците во опасност. Диодните светилки може да откажат и возилото да не биде забележано од другите возила. Последица од тоа може да биде тежок судир. Отстранувањето на проблемот ќе се изврши преку вчитување на нов софтвер, за што Mercedes нема да ги наплати трошоците. Големиот сервисен повик се однесува на возила произведени во перидот меѓу 2012 и 2015 година.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Кои средства за полирање се најдобри за автомобилскиот лак?

Volkswagen CC ќе ја пополни празнината меѓу Passat и Phaeton